Реал Мадрид мора да доведе централен бек во летниот преоден рок, а главен кандидат за таа позиција е 22-годишниот англиски репрезентативец на Евертон, Џерад Брантвејт, објавија во средата британските медиуми.

„Кралскиот клуб“ е многу слаб на стоперската позиција. Бразилецот Едер Милитао поради повреда нема да игра до крајот на оваа сезона, а на Антонио Рудигер (31) и Давид Алаба (32) им истекуваат договорите во јуни следната година. Тренерот на Реал, Карло Анчелоти добро го познава Брантвејт, кој го имаше своето деби во Премиер лигата додека „Дон Карло“ беше на чело на Евертон.
Минатото лето Манчестер Јунајтед беше заинтересиран за Брантвејт, но Евертон категорично ја одби нивната понуда. „Тофите“ бараат висока отштета за англискиот репрезентативец, а тоа можат да го сторат бидејќи неговиот договор е до јуни 2027 година, со опција за продолжување на уште една сезона. Британските медиуми пишуваат дека Евертон не сака да го продаде Брантвејт, но дека ќе се разгледаат понудите поголеми од 85 милиони евра.
Слични новости
Гледаноста на италијанската Серија А во САД е зголемена за 50 отсто
Италијанската Серија А е сè попопуларна во Соединетите држави, а бројот на гледачи кои гледаат телевизиски преноси од врвниот фудбал е зголемен за 50 отсто, објавија во средата италијанските медиуми
Фејенорд не може да смета на дури 14 играчи за натпреварот со Интер
Новиот тренер на Феенорд, Робин ван Перси не може да смета на дури 14 проблеми, најголемиот дел од нив се повредени, но има и суспендирани.
НБА: Џејмс и Дончиќ пишуваат историја
Со „тројка“ во првата четвртина, Џејмс стана првиот играч кој достигна 50.000 поени во регуларниот дел од сезоната и натпреварите во плејофот заедно