Реал Мадрид мора да доведе централен бек во летниот преоден рок, а главен кандидат за таа позиција е 22-годишниот англиски репрезентативец на Евертон, Џерад Брантвејт, објавија во средата британските медиуми.

„Кралскиот клуб“ е многу слаб на стоперската позиција. Бразилецот Едер Милитао поради повреда нема да игра до крајот на оваа сезона, а на Антонио Рудигер (31) и Давид Алаба (32) им истекуваат договорите во јуни следната година. Тренерот на Реал, Карло Анчелоти добро го познава Брантвејт, кој го имаше своето деби во Премиер лигата додека „Дон Карло“ беше на чело на Евертон.
Минатото лето Манчестер Јунајтед беше заинтересиран за Брантвејт, но Евертон категорично ја одби нивната понуда. „Тофите“ бараат висока отштета за англискиот репрезентативец, а тоа можат да го сторат бидејќи неговиот договор е до јуни 2027 година, со опција за продолжување на уште една сезона. Британските медиуми пишуваат дека Евертон не сака да го продаде Брантвејт, но дека ќе се разгледаат понудите поголеми од 85 милиони евра.
Слични новости
Лејкер водени од Дончиќ и Леброн по продолжение ги совладаа Никс
Иако со многу проблеми, Лос Анџелес Лејкерс дојде до осмата победа во низа откако утринава на домашен терен ги победија Њујорк Никс со 113:109 по продолжение
ФИФА ќе разгледа еднократно проширување на 64 репрезентации за Светското првенство во 2030.
Светското фудбалско раководно тело ФИФА ќе ја разгледа можноста за проширување на Светското првенство во 2030 година на 64 селекции за да ја одбележи стогодишнината од спортскиот настан
Нејмар повикан во репрезентацијата по една година
Бразил го повика напаѓачот на Сантос Нејмар за квалификациите за Светското првенство овој месец против Колумбија и Аргентина по повеќе од една година, објави во четвртокот Бразилската фудбалска конфедерација