Фудбалерите на Реал Мадрид го освоија Интерконтиненталниот куп победувајќи ја мексиканската Пачука со 3:0 во катарски Лусаил. Стрелци беа Килијан Мбапе (37), Родриго (53) и Винисиус Жуниор (84 пенал).
Интерконтиненталниот куп е натпреварување слично на Светското клупско првенство на ФИФА, во кое учествувале шесте клубови кои победиле на континенталните натпреварувања.
Тоа беше единствениот натпревар на Реал на овогодинешниот Интерконтинентален куп, кој следната година повторно ќе биде Светско клупско првенство со дури 32 клуба учесници, додека Пачука најпрвин го победи јужноамериканскиот шампион Ботафого со 3:0, а потоа со 6:5 на пенали во дуелот со африканскиот шампионт Ал Ахли.
Слични новости
„Шестка“ на Интер во Рим
Во дербито од 16. коло од италијанската лига, фудбалерите на Интер во Рим го победија Лацио со 6:0
Австрискиот фудбалер Бургшталер нападнат во центарот на Виена
Бургшталер моментално е во болница, а Рапид објави и дека фудбалерот ќе биде надвор од терените неколку месеци
Преглед НБА лига: Победа на Далас над Голден Стејт, со рекордни „тројки“ на еден натпревар
Далас Маверикс синоќа на гостински терен ги победија Голден Стејт Вориорс со 143:133, а до победата ги предводеше Лука Дончиќ со 45 поени, 13 асистенции и 11 скока