Фудбалерите на мадридски Реал се елиминирани во осмина финалето од Купот на Кралот, на дебитанстскиот натпревар за новиот тренер Алваро Арбелоа.

Албасете го победи Реал со 3:2, а поразот е тежок удар за новиот тренер Алваро Арбелоа кој во понеделникот го наследи неговиот некогашен соиграч Чаби Алонсо кој доби отказ од управата на Реал Мадрид по неуспехот во суперкупот во Џеда.

Поразително е што Албасете кој нема играно во шпанската Примера уште од 2005-та година, успеа да постигне дури 3 гола против Реал мадрид.   

Слични новости

Денвер до шеста победа во низа, Оклахома пресилна за Њујорк

Денвер до шеста победа во низа, Оклахома пресилна за Њујорк

Поџемски со по 23 коша.
Во дербито на денот шампионот Оклахома ги победи Њујорк Никс со 111:100. ШГА постигна 30 коша, а Џејлен Вилијамс се врати по повредата и даде 22 коша за Оклахома која победи на 14 од последните 15 мечеви.