Шпанските медиуми пишуваат дека Реал Мадрид минува низ најтешкиот период од доаѓањето на Чаби Алосно како тренер на клубот. Од победата врз Барцелона кога беше прв на табелата со пет бода предност, Реал сега е на заостанување од 4 бода зад Барцелона.

Главната причина за тоа се огромниот број на повредени дефанзивци кај Реал Мадрид. Едер Милитао доживеа потешка повреда,, а претходно беа повредени Дани Карвахал, Трент-Александар Арнолд, Дин Хаусен, Ферлан Менди и Давид Алаба.

Реал Мадрид го дочекува Манчестер сити во среда во 21 часот, а единствените дефанзивци што ги има на располагање Алонсо се Антониот Рудигер, Раул Асенсио и Фран Гарсија, со тоа што Валверде повторно ќе треба да игра на неприродна позција на десен бек.  

Слични новости

Турција: 29 играчи уапсени за обложување

Турција: 29 играчи уапсени за обложување

Турските власти наредија во петокот апсење на 46 лица, вклучувајќи 29 фудбалери, како дел од широката истрага за местење натпревари, соопштија обвинителите во Истанбул