Криминални политики со тендери и неспособност во енергетиката се двете единствени причини поради која сите граѓани на Македонија ќе плаќаат поскапа струја и поради што се воведува кризна состојба. За само година и половина владата на Мицкоски ја доведе најголемата државна енергетска компанија ЕСМ до финансиски и производствен колапс, реагираа од опозициската СДСМ.
„Оваа година има историски најниско производство на домашна струја, нема ниту 3.000 GWh од планирани 5.100 GWh. Катастрофално лошо. За да се надминат овие загуби власта купува скапа струја од увоз, за многу повисоки цени отколку што би било ЕСМ да ја произведува дома“, се наведува во партиската реакција.
Од СДСМ прашуваат колку тоа ги чини граѓаните, ако 77 милиони евра е официјална загуба за само првите два квартали од 2025 години, со проекција од над 100 милиони евра загуба до крајот на 2025 година. Дополнително, над 110 милиони евра ЕСМ има земено нови кредити за само 18 месеци. Тоа се над 200 милиони евра!
„Ова не е „надворешна криза“ и нема врска со протестите во Грција. Ова е внатрешно предизвикана катастрофа, резултат на криминални тендери, скап увоз на струја и неспособност на власта на Мицкоски. КЛУЧНОТО ПРАШАЊЕ Е: ЗОШТО НАВРЕМЕ НЕ СЕ ОБЕЗБЕДЕНИ ЕНЕРГЕНСИ?
Зошто во сред зима нема најмалку 300.000 тони јаглен на депонија, како основен услов за сигурно зимско производство? Зошто мазутот не е набавен навреме, туку сега панично се бара решение? Прашуваме: Дали постои веќе избрана фирма за снабдување со мазут?
Затоа се прогласува кризна состојба и затоа власта удри по џебот на граѓаните. Нема пари, има буџетска дупка од 1 милијарда евра, но не се откажува од криминалните тендери и скапот увоз на струја, а сега и на мазут. Сметката за ова на крај ја плаќа народот, сите граѓани на Македонија!“, се заклучува во реакцијата на СДСМ.
Слични новости
Tошковски: Ако е дозволено 50 км/ч „Безбеден град“ ќе регистрира прекршок од 57 км/ч
Отстапките, односно толеранцијата на камерите од системот „Безбеден град“, ќе бидат идентични со оние што веќе се применуваат кај останатите полициски радари, појасни министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тоа значи толеранција од 6 километри на час за брзини до 100 км/ч
СДСМ бара истрага од ОЈО за загубите во ЕСМ, каде завршија 100 милиони евра
СДСМ бара Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага за загубите од 100 милиони евра и да утврди одговорност.
Советот на Општина Струга сѐ уште не може да избере претседател
По два месецa од конституирањето, Советот на Општина Струга сѐ уште не може да избере претседател, известува охридската ТВМ


