Рафинеријата за нафта Панчево вчера го започна процесот на затворање на производствените капацитети поради недостиг на сурова нафта за преработка, што е резултат на санкциите што Министерството за финансии на САД ги воведе врз НИС.

По целосното затворање, доколку пристигне американската лиценца OFAK за продолжување на работата на НИС, ќе бидат потребни најмалку две недели за повторно започнување на производството.

Процесот на исклучување, како што е соопштено, се одвива  според принципот што се применува кога станува збор за планирани ремонти и се спроведува во согласност со законите на Република Србија, внатрешните правила на компанијата и најстрогите еколошки стандарди и правилата за безбедност и здравје при работа.

За да се спречи корозија системите се полнат со азот. Овој режим може да трае до три месеци, а повторното активирање би било можно за околу еден месец. Ако рафинеријата се исклучи целосно и мирува подолго од три месеци, потребни се четири или повеќе месеци за нејзино повторно пуштање во работа.

НИС соопшти дека продолжува да го снабдува домашниот пазар со нафтени деривати без прекин, благодарение на претходно обезбедените залихи.

 

Слични новости

Швајцарските компании ги неутрализираат американските царини со селење на производството

Швајцарските компании ги неутрализираат американските царини со селење на производството

Швајцарските компании планираат да преместат дел од своите операции и производство во странство за да го ублажат влијанието на американските царини, според анкета на деловната асоцијација economysuisse

Цените на нафтата на 64 долари

Цените на нафтата на 64 долари

Цените на нафтата се искачија на 64 долари во петокот на меѓународните пазари, а инвеститорите шпекулираат дека намалената понуда од Венецуела во случај на воена интервенција на САД ќе ги принуди кинеските и американските рафинерии да бараат замена