Португалскиот фудбалски репрезентативец Рафаел Леао потврди дека ќе го напушти Милан по завршувањето на Светското првенство во фудбал, истакнувајќи дека сака да ја продолжи кариерата во друга лига.

Една од опциите за Леао и заминување во Саудиска Арабија.

Леао дојде во Милан во 2019 од француски Лил за 35 милиони евра, и беше еден од најзаслужните за освојувањето на титулата на Милан во 2022 кога беше прогласен и за најдобар играч на серија А.

Своевремено МИлан бараше обештетување за Леао од 100 милиони евра, но сега ќе мора да се задоволат за многу пониска сума, бидејќи крилниот напаѓач не е во форма.

Слични новости

Спалети не губи надеж дека Јувентус ќе се пласира во осминафиналето на ЛШ и покрај петте гола што ги прими од Галатасарај

Јувентус синоќа по првото полувреме водеше против Галатасарај со 2:1 со головите на Копмејнерс, но на крајот загуби со 5:2, а од 67 минута остана и со играч помалку.

Винисиус и Мбапе тврдат дека Престијани од Бенфика го навредувал Винисиус на расна основа

Тврдењата на Винисиус ги потврди и Килијан Мбапе кој го нарече Престијани расист. „Играчот на Бенфика со број 25 чие име не сакам ни да го спомнам го стави дресот преку уста и дури пет пати му довикуваше на Винисиус дека е „мајмун“.