Италијанскиот тренерски стручњак Рафаеле Паладино е назначен за нов тренер на Аталанта, откако Иван Јуриќ вчера доби отказ поради лошите резултати на клубот.
Паладино претходно ја водеше Фиорентина, а ја напушти Фиренца само неколку дена откако потпиша со тимот нов двегодишен договор. Под водство на Паладино Фиорентина лани беше шеста во Серија А.
Паладино потпиша договор со Аталанта до 2027 година и бидејќи негува офанзивен фудбал се очекува да ја врати старата игра на Аталанта додека клубот го водеше Џанпјеро Гасперини.
Хрватот Иван Јуриќ доби отказ во Аталанта откако тимот е дури 13-ти на табелата со само 13 бодови од 11 кола.
Слични новости
Верстапен не успеа да му ја земе титулата на Норис во Формула 1
Британецот Ландо Норис од тимот на Мекларен е новиот светски шампион во Формула 1 откако заврши трет на последната, 24-та трка од сезоната, Големата награда на Абу Даб
Харден десетти најдобар стрелец во НБА
Џејмс Харден се проби меѓу десетте најдобри стрелци на сите времиња во НБА лигата, но неговите 34 поени не беа доволни синоќа да ги одведат неговите Лос Анџелес Клиперс до победа
ПСЖ ја прекина победничката серија на Рен
Европскиот и француски првак Пари Сен Жермен во саботата вечер на домашен терен лесно го победи Рен со 5:0 во рамките на 15-то коло од француската Лига 1


