Цените на нафтата се приближија до нивото од 74 долари на меѓународните пазари во средата, бидејќи стравувањата од прекини во снабдувањето од Русија поради тензиите со Западот го надминаа порастот на залихите во САД, што сигнализираше можно забавување на побарувачката.

На лондонскиот пазар попладнето цената на барелот за испорака во декември беше за 49 центи повисока отколку на затворањето на тргувањето вчера и изнесуваше 73,80 долари.

На американскиот пазар барелот со датум на испорака во декември се тргуваше за 71 цент повисоко, по 70,10 долари. Поактивно се тргуваше со барелите за испорака во јануари, по цена повисока за 56 центи, 69,80 долари.

Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) засебно објави дека во вторникот цената на барелот од референтната нафтена кошница на нејзините членки поскапел за 1,36 долари на 72,56 долари.

Трговците внимателно ја следат ескалацијата на тензиите во односите меѓу Русија и Западот откако Вашингтон, според извештаите на медиумите, ја овластил Украина да користи американско оружје со долг дострел во нападите врз цели на руска територија. Москва предупреди дека одлуката претставува директно вмешаност на САД во конфликтот бидејќи употребата на софистицирано американско оружје не е возможна без американска помош.

Рускиот претседател Владимир Путин во средата потпиша указ за ажурирање на нуклеарната стратегија, која, според новинската агенција ТАСС, „ги појаснува условите за употреба на нуклеарно оружје и го проширува списокот на земји и сојузи и воени закани што нуклеарното оружје треба да ги одврати“ од можен напад.

Москва, исто така, го задржува правото да размисли за нуклеарен одговор на закана од конвенционално оружје.

 

Во средата наутро Украина истрела шест американски ракети ATACMS кон руска територија, соопшти руското Министерство за одбрана, додавајќи дека системот за воздушна одбрана соборил пет од нив и дека никој не е повреден или оштетен.

Инвеститорите стравуваат дека вооружениот конфликт може да предизвика проблеми во снабдувањето со руска нафта.

Позначителен раст на цените беше спречен во средата со објавата на норвешки „Equinor“ дека целосно ја обновил екстракцијата на нафта на полето Јохан Свердруп во Северното Море, најголемото во Западна Европа, по проблемите со снабдувањето со електрична енергија на копно. Полето во Северното Море произведува околу 750 илјади барели нафта дневно со полн капацитет и е најголемо во Западна Европа.

Кочница за цените беше скокот на залихите на нафта во САД минатата седмица, за 4,75 милиони барели, според пазарни извори кои се повикуваат на податоци од здружението на производители на API. Аналитичарите процениле дека тие се зголемиле за само 100 илјади барели.

Залихите на бензин се намалени за 2,48 милиони барели, велат изворите. Аналитичарите прогнозираа дека тие се зголемиле за 900 илјади барели.

Доколку извештајот на Одделот за енергетика ги потврди прелиминарните бројки на API, цените на нафтата најверојатно ќе се вратат на нивоата забележани претходно во текот на неделата, шпекулира Хари Тчилингвиријан од „Onyx Capital Group“.

Министерството за енергетика на САД ќе објави податоци во текот на денот. 

globe

Слични новости

„Ford“ отпушта 4.000 вработени во Европа

„Ford“ отпушта 4.000 вработени во Европа

Од „Ford“ го наведуваат намалениот интерес за електрични автомобили, како и високите трошоци поврзани со префрлањето на производството од мотори со внатрешно согорување на електрични како причини за деловните проблеми