Беранските индекси пораснаа на Волстрит во вторникот, при што Dow Jones достигна рекордно високо ниво, додека Nasdaq ослабе поради падот на цените на акциите на „Nvidia“ и неколку други технолошки компании.
Dow Jones порасна за 1,18 отсто на рекордни 47.927 поени, додека S&P 500 се зголеми за 0,21 отсто на 6.846 поени. Индексот Nasdaq, од друга страна, падна за 0,25 отсто на 23.468 поени.
По силниот раст на цените на акциите во понеделникот, пазарот вчера се смири, па обемот на тргување беше значително помал од просекот. Сепак, во 10 од 11-те најважни сектори на индексот S&P 500, цените на акциите пораснаа, што главно се должеше на подобрите од очекуваните квартални деловни резултати на компаниите и банките.
Пазарот е поддржан и од вестите за напредокот во преговорите меѓу републиканците и демократите во Сенатот за финансирање на работата на федералните служби, па оваа седмицаа треба да заврши најдолгата блокада на работата на овие служби, која траеше повеќе од 40 дена.
„Веруваме дека блокадата наскоро ќе заврши. Луѓето ќе се вратат на работа, службите повторно ќе објавуваат статистички извештаи, така што неизвесноста ќе биде зад нас“, рече Сем Стовал, стратег во компанијата CFRA.
За разлика од S&P 500 и Dow Jones, индексот Nasdaq падна вчера. Ова најмногу се должи на падот на цената на акциите на „Nvidia“, откако беше објавено дека јапонската компанија за технолошки инвестиции „Softbank“ продаде акции на производителот на чипови за 5,8 милијарди долари.
Цените на акциите на неколку други технолошки компании, исто така, паднаа бидејќи инвеститорите се загрижени за високите цени на секторот по силниот раст оваа година.
Од почетокот на годината, индексот Dow Jones порасна за речиси 13 отсто, S&P 500 за околу 16 а Nasdaq за речиси 22 отсто.
Европските берзи, исто така, пораснаа вчера. Лондонскиот индекс FTSE порасна за 1,15 отсто на 9.899 поени, додека франкфуртскиот DAX за 0,53 отсто на 24.088 поени, а парискиот CAC скокна за 1,25 отсто на 8.156 поени.
Слични новости
Цените на нафтата на 64 долари
Цените на нафтата се искачија на 64 долари во петокот на меѓународните пазари, а инвеститорите шпекулираат дека намалената понуда од Венецуела во случај на воена интервенција на САД ќе ги принуди кинеските и американските рафинерии да бараат замена
„Аmazon“ со уплата од 180 милиони евра ја затвори истрагата за можна дночна измама во Италија
Подружница на американскиот гигант за е-трговија „Amazon“ им плати околу 180 милиони евра на италијанските даночни власти и го укина својот систем за следење на испораките со цел да ја затвори истрагата за можна даночна измама и експлоатација на работници
Цените на храната паднаа и во ноември
Цените на храната паднаа и во ноември, трет месец по ред, со значително намалување на цената на млекото и млечните производи и растителните масла, објави во петокот агенцијата за храна и земјоделство на Обединетите нации


