Европските индекси денеска повторно растат и се доближуваат до рекордни нивоа, додека аналитичарите ги очекуваат клучните податоци од пазарот на труд во САД.

Цената на нафтата Брент денеска порасна за 0,81 насто на 83,184 долари за барел, а американската лесна нафта ВТИ порасна за 0,56 насто на 77,73 долари за барел.

Германскиот ДАКС порасна за 0,39 насто, францускиот ЦАЦ за 0,26 насто, а британскиот ФТСЕ порасна за 0,16 проценти.

Американскиот берзански индекс Дау Џонс на затворањето на берзата во четврток падна за 0,85 насто, додека Насдак за незначителни 0,06 насто.

Слични новости

Цената на нафтата повторно расте

Цената на нафтата повторно расте

Цената на нафтата Брент денеска повторно порасна на светските берзи, откако Иран ги отфрли тврдењата на официјален Вашингтон дека се наближува договор за окончување на војната на Блискиот исток и повторно отварање на Ормутскиот теснец.

Криза во Ормутскиот теснец: Бројот на бродови кои минуваат драстичено намален додека преговараат Иран и Оман

Криза во Ормутскиот теснец: Бројот на бродови кои минуваат драстичено намален додека преговараат Иран и Оман

Според податоците кои ги објави Ројтерс низ Ормутскиот теснец од понеделникот до четвртокот минале само 33 бродови, додека пред започнувањето на војната меѓу САД и Иран во февруари, низ Ормутскиот теснец минуваа 130-140 бродови дневно.