Цените на акциите пораснаа на европските берзи во понеделник во претпладневното тргување што е највисоко во рударскиот сектор.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во првиот дневен пресек од тргувањето порасна за 0,3 отсто. Истовремено, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,39 отсто, на 8.340 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,16 отсто, на 20.420 поени, а париски CAC за 0,72 отсто, на 7.480 поени.

Цените на акциите пораснаа во повеќето сектори, а највисоко во рударството, во просек за 1,5 отсто. Така, берзанските индекси ја следат насоката на индексот S&P 500 на Волстрит, кој во петокот достигна ново рекордно ниво.

Ова се должи на очекувањата дека американската цетрална банка Федералните резерви (Federal Reserve – Fed) и Европската централна банка (ECB) дополнително ќе ги намалат каматните стапки во декември за да го поддржат економскиот раст.

А на азиските берзи се тргува внимателно. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции порасна за 0,3 отсто во иститот пресек од тргувањето во Европа. Истовремено, на токиската берза индексот Nikkei зајакна за 0,2 отсто, додека цените на акциите во Австралија и Хонгконг пораснаа меѓу 0,2 и 2,8 отсто. Во Шангај и Јужна Кореја, пак, тие паднаа меѓу 0,1 и 2,8 отсто.

Инвеститорите сè уште се фокусирани на политичката криза во Јужна Кореја, откако претседателот Јун Сук Јеол првпат ја воведе и наскоро ја укина вонредната состојба минатата седмица. Продолжуваат протестите и политичката драма за тоа дали тој ќе остане претседател.

Инвеститорите се плашат од продлабочување на политичката криза и негативните последици од таа криза врз економијата, иако надлежните велат дека ќе ја обезбедат сета потребна финансиска ликвидност.

На пазарите негативно влијаеа и податоците за падот на потрошувачките цени во Кина во ноември за 0,6 отсто на месечно ниво, додека тие пораснаа за само 0,2 отсто на годишно ниво. Производните цени, пак, на годишно ниво паднаа за 2,5 отсто.

Сето ова укажува дека растот на кинеската економија е побавен од очекуваното и дека властите можеби ќе треба да воведат нови стимулативни мерки.

globe

Слични новости

Нафтата поевтини на 72 долари

Нафтата поевтини на 72 долари

Цените на нафтата паднаа во петокот поради загриженоста за побарувачката следната година, особено во Кина, најголемиот увозник на сурова нафта