На европските берзи, цените на акциите пораснаа во средата во претпладневното, надоместувајќи ги вчерашните загуби, но тргувањето е претпазливо, исто како и на Волстрит претходниот ден.
Индексот STOXX 600 на водечките европски акции порасна за 0,3 отсто во првиот пресек на тргувањето. Истовремено лондонскиот индекс FTSE зајакна за 0,92 отсто, на 9.775 поени, додека франкфуртскиот DAX порасна за 0,24 отсто, на 24.135 поени, а парискиот CAC за 0,06 отсто, на 8.110 поени.
Цените на акциите пораснаа и на азиските берзи. Индексот MSCI на акциите од Азиско-пацифичкиот регион, без јапонските, порасна за 0,2 отсто во истиот термински пресек како и во Европа. Истовремено, цените на акциите во Јапонија, Хонгконг, Шангај и Јужна Кореја пораснаа за меѓу 0,3 и 1,4 отсто, додека во Австралија и Индија паднаа за околу 0,2 отсто.
Растот на повеќето берзански индекси главно се должи на корекцијата на цените на акциите по остриот пад во првите два дена од оваа седмица, кога технолошкиот сектор беше под најголем притисок.
Така, индексите ги надоместија вчерашните загуби, но тргувањето е претпазливо, исто како и вчера на Волстрит, каде што индексите Dow Jones и S&P 500 паднаа малку трет ден по ред, додека Nasdaq малку порасна.
Инвеститорите на најголемата берза во светот беа претпазливи вчера бидејќи новите економски индикатори не влијаеја значително на очекувањата во врска со каматните стапки на Fed. Во ноември, бројот вработени во СAД се зголеми за 64.000, откако падна во октомври поради привременото затворање на федералните служби.
Во октомври, малопродажбата стагнираше во споредба со претходниот месец, додека аналитичарите очекуваа мало зголемување. Така, податоците сугерираат дека економскиот раст не е многу импресивен, но не е толку слаб како што некои мислеа.
„Речиси сите податоци се гледаат низ призмата на можноста да се влијае врз Fed, а овие податоци не ја поместија иглата во ниту една насока“, рече Марк Хакет, стратег во компанијата „Nationwide“.
Откако Fed ги намали каматните стапки по третпат оваа година за 0,25 отстотни поени минатата седмица, пазарот проценува дека американската централна банка би можела да ги намали каматните стапки во два наврати следната година, додека нејзините челнции очекуваат едно намалување.
Слични новости
Обилната понуда ги задржа цените на нафтата под 61 долар
Цените на нафтата останаа под 61 долар на меѓународните пазари во понеделникот, а аналитичарите предвидуваат дека Кина очекува значително повеќе барели од Венецуела до крајот на годината, со тешкотии во транспортот, но и изобилство на понудата од санкционираните Русија и Иран
Норвешкиот извоз значително падна во ноември
Норвешкиот извоз зебележа значитечно намалување во ноември, со остар пад на вредноста на испораките на нафта и гас, покажаа податоците кои во понеделникот ги објави тамошното биро за статистика
Русија бара 230 милијарди долари отштета од „Euroclear“
Руската централна банка поднесе тужба во Москва барајќи 230 милијарди долари отштета од белгиската клириншка куќа „Euroclear“, првиот чекор откако Кремљ предупреди дека тоа ќе биде правен кошмар за Европската унија поради плановите за користење на замрзнатите руски средства за поддршка на Украина


