
Промената во нееднаквоста во богатството низ Европа од 2008 до 2023 година варираше од земја до земја, според најновиот Извештај за глобалното богатство 2024 објавен од швајцарската банка UBS.
Додека во некои земји јазот меѓу богатите и сиромашните значително се зголеми, во други е забележано благо намалување.
Според податоците од Европската централна банка (ЕЦБ), најбогатите 10% од населението во Еврозоната поседувале 57,3% од вкупното нето богатство на домаќинствата во последниот квартал од 2024 година – што е за 2,8 процентни поени повеќе отколку во 2009 година, кога поседувале 54,5%.
UBS истакнува дека нееднаквоста се зголемила во повеќето земји од Источна Европа, додека податоците за Западна Европа се „екстремно мешани“.
Шведска забележа највисока нееднаквост во богатството, по што следуваат Германија, Швајцарија и Австрија . Во Белгија има наједнаква распределба на богатството.
Слични новости
Американските берзански индекси дополнително паднаа откако Иран возврати на нападот на Израел
Во Соединетите Американски Држави, берзанскиот индекс Dow Jones падна за повеќе од 800 поени, или за околу 2 насто, додека S&P 500 и Nasdaq, паднаа за околу 1 насто.
Нафтата и златото поскапеа на берзите, како резултат на војната на Блискиот исток
Нафтата Брент скокна дури за 7 проценти и достигна цена од 75 долари по барел, што е највисоко ниво на цената на нафтата од април.
Италијанскиот извоз падна за 2,8 насто во април
Агенцијата АНСА наведува дека падот на извозот пред се се должи на намалување на продажбата во земјите надвор од ЕУ, кој опадна за 7 насто.