Сајберкриминалците покренаа повеќе од 38 милиони фишинг напади оваа година, лажно претставувајќи се како големи компании, бакни и продавачи на техника. Украдените податоци од платежните катички активно се продаваат на дарк веб форумите, а цените се движат од 70 до 315 долари, соопшти компанијата „Касперски“.
„Додека купувачите во потрага за најдобрите понуди се подготвуваат за Црниот петок, истражувачите на нашата компанија посматраат како сајберкриминалците и измамниците се подготвуваат да го искористат ова интересирање.
Тие се обидуваат да украдат лични податоци и пари и шират малверзации по пат на лажни понуди креирани да ги привлечат купувачите“, се вели во соопштението на „Касперски“ во кое се истакнува дека од јануари до ноември блокирале над 38 милиони фишинг напади во врска со купувања на интернет.
Еден од начините за интернет кражба е што измамниците лажно се претставуваат како големи трговски ланци како „Амазон“ или „Валмарт“ и испраќаат мејлови во кои тврдат дека нудат ексклузивни попусти. Овие мејлови содржат линкови кон лажни веб страници кои личат на вистински. Жртвите кои се обидуваат да купат нешто на овие сајтови обично остануваат без парите.
Слични новости
Сликата на Магрит постигна рекордна цена за надреалистичко дело
Сликата во масло на белгискиот уметник Рене Франсоа Гисле Магрит е продадена во вторникот во Њујорк за 121 милион долари, со што е поставена нова рекордна цена за надреалистичко дело, објави аукциската куќа Christie’s
Замина композиторот Шарл Димон, автор на прочуената „Не за ништо на жалам „ на Едит Пјаф
Мајка ми ме роди, но Едит Пјаф ме донесе на светот, рече Шарл Димон во 2015 во едно интервју, објаснувајќи колку му значеше неговата соработка со Едит Пјаф која има испеано негови 30 песни.
„Aurora“ го изведе својот суперсоничен
Леталото „МК-11 Aurora“ ја надминало брзината на звукот првпат на 12 ноември, достигнувајќи 1,1 мах и искачувајќи се на височина од 25,1 километар