Цените на нафтата на светските берзи пораснаа откако плановите за втора рунда мировни преговори меѓу САД и Иран повторно заглавија во „ќорсокак“

Брент, глобалната цена на нафтата, се зголеми за речиси 2% на 107,26 долари за барел, додека суровата нафта што се тргува во САД се зголеми за 1% на 95,40 долари.

Цената на суровата нафта од типот Брент порасна за повеќе од 10% откако Трамп минатата недела објави дека ќе го продолжи прекинот на огнот со Техеран за да му даде шанса на неговото раководство да презентира „унифициран предлог“.

 

Слични новости

Цената на нафтата падна на помалку од 100 долари за барел

Цената на нафтата падна на помалку од 100 долари за барел

Цената на нафтата денеска падна на помалку од 100 долари за барел, а европските индекси бележат силен раст откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американската војска би можела да ги заврши акциите во Иран во рок од две до три недели.