Цените на енергенсите на европските и американските пазари продолжуваат со раст и цената на нафтата од типот Брент ја премина границата од 107,50 долари за барел додека европскиот природен гас повторно се приближи на ниво од околу 82 евра за мегават-час.
Цената на американската WTI нафта моментно е 103,24 долари за барел за идни договори.
Европските берзански индекси се во мал пад рускиот MOEX е со пад од 0,61 отсто, францускиот ЦАЦ остана на 0,40 отсто, а германскиот DAX 0,5 отсто.
Според податоци на порталот Investing.com, цената на ТТФ за фјучерси е 80 евра за мегават-час.
Слични новости
Светската банка прогнозира забрзување на растот на западен Балкан
Според проекциите просечната стапка на раст во Србија, Албанија, Босна, Македонија и Црна Гора ќе достигне до 3,1 насто во 2026, што претставува зголемување од 2,6 насто колку што беше растот во 2025.
Нафтата Брент благо поевтини на 114,9 долари за барел
Цената на нафтата утрово падна за 0,77 насто под 115 долари за барел, а притисокот врз цените по неодамнешниот ценовен шок полека попушта.
Европската комисија го прифати планот на Тему за сузбивање на нелегалните производи
Европската комисија денеска објави дека го прифатила планот на кинеската компанија за интернет трговија Тему за ускладување со Законот за дигитални услуги и сузбивање на достапноста на нелегалните производи на интернет.


