Договорот за прекин на огнот меѓу САД и Иран, кој требаше да овозможи 60 дневен временски период за постигнување конечен мировен договор истече денеска, без шанси за негово продолжување.
Војната не само што не заврши, туку очигледно Вашингтон и Техеран остануваат на крајно спротивставени позиции, со сосема поинаква интерпретација на тоа што се случува и кој всушност го контролира Ормускиот теснец, низ кој пред да почне американско -израелската војна против Иран, минуваше околу 20 проценти од светската нафта.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, кој неодамна изрази и желба да го прогласи теснецот за американска територија, и натаму инсистира дека Соединетите држави се тие кои всушност ја контролираат виталната нафтена рута.
Ако ги погледнете бројките што ги постигнуваме, теснецот е отворен, а цените на нафтата се намалуваат и ќе продолжат да се намалуваат, освен ако не одлучиме да преземеме нешто многу подрастично од она што го правиме сега“– рече американскиот претседател, Доналд Трамп.
Тврдењето на Трамп дека цените на нафтата се намалени веднаш го демантираа светските берзи, каде денеска цената на глобалниот стандард – нафтата „Брент“ се искачи на 91 долар, што е највисоко ниво од јули.
Иран пак порача дека Ормутскиот теснец нема да биде отворен се додека САД не ги исполнат условите од договорот.
Од друга страна Техеран е блиску до постигнување договор со Оман, што го разлути Доналд Трамп кој и се закани на земјата која важи за традиционален сојузник на САД дека жестоко ќе ја бомбардира, ако САД не бидат задоволни од дговорот меѓу Иран и Оман.
Слични новости
Најмалку 16 повредени во ракетен напад врз Одеса
Најмалку 16 лица се повредени во утрински ракетен напад врз Одеса, меѓу кои и петмесечно бебе, соопшти Олексиј Кипер, претседател на Одеската обласна воена администрација.
Саудиска Арабија го затвори клучниот нафтовод по напад со дронови
Нафтоводот долг околу 1.200 километри е од клучно значење за извозот на саудиската нафта, бидејќи овозможува транспорт до Црвеното Море и ја намалува зависноста од стратегиски важниот Ормутски теснец.
Хутите го презедоа Мока и островот Перим, расте напнатоста вo Црвеното Море
Преземањето на Перим им дава на Хутите значително поголемо влијание врз Баб ел-Мандеб, теснецот што го поврзува Црвеното Море со Аденскиот Залив и претставува клучна рута кон Суецкиот Канал.


