Договорот за прекин на огнот меѓу САД и Иран, кој требаше да овозможи 60 дневен временски период за постигнување конечен мировен договор истече денеска, без шанси за негово продолжување.
Војната не само што не заврши, туку очигледно Вашингтон и Техеран остануваат на крајно спротивставени позиции, со сосема поинаква интерпретација на тоа што се случува и кој всушност го контролира Ормускиот теснец, низ кој пред да почне американско -израелската војна против Иран, минуваше околу 20 проценти од светската нафта.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, кој неодамна изрази и желба да го прогласи теснецот за американска територија, и натаму инсистира дека Соединетите држави се тие кои всушност ја контролираат виталната нафтена рута.
Ако ги погледнете бројките што ги постигнуваме, теснецот е отворен, а цените на нафтата се намалуваат и ќе продолжат да се намалуваат, освен ако не одлучиме да преземеме нешто многу подрастично од она што го правиме сега“– рече американскиот претседател, Доналд Трамп.
Тврдењето на Трамп дека цените на нафтата се намалени веднаш го демантираа светските берзи, каде денеска цената на глобалниот стандард – нафтата „Брент“ се искачи на 91 долар, што е највисоко ниво од јули.
Иран пак порача дека Ормутскиот теснец нема да биде отворен се додека САД не ги исполнат условите од договорот.
Од друга страна Техеран е блиску до постигнување договор со Оман, што го разлути Доналд Трамп кој и се закани на земјата која важи за традиционален сојузник на САД дека жестоко ќе ја бомбардира, ако САД не бидат задоволни од дговорот меѓу Иран и Оман.
Слични новости
Грција: Од вирусот на Западно Нилска треска заболени 110, починаа 9 лица
Од вкупниот број на заболени, дури кај 81 лице се развила болест на централниот нервен систем ( менингитис или енцефалитис). Починатите пациенти биле на возраст од 65 до 91 година.
Зеленски: Им доставивме на САД предлози за план за завршување на војната со Русија
Изјавата на Зеленски за новите предлози за мировни преговори доаѓа во услови на најави од Москва и Киев дека американските преговарачи наскоро би можеле да ги посетат двете земји.
Нови напади врз бродови во Ормускиот теснец и покрај преговорите за завршување на војната со Иран
САД и јеменските Хути, кои се поврзани со Иран, објавија одделни напади врз бродови, додека изгледите за завршување на војната со Иран се чини дека се намалуваат.


