Распишана е централна потерница за четири лица, во врска со пожарот во дискотеката во Кочани, кој избувна синоќа, а во која, според информациите со кои располагаат надлежните до 11:30 часот загинале 59 лица, од кои 35 се идентификувани, а од нив пак 31 се од Кочани, четири се од Штип.

Како што изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, според податоците до 12 часот во пожарот се повредени 155 лица, кои се хоспитлизирани во болниците во државата.

 

„Од страна на МВР во координација со јавното обвинителство се постапува во овој момент и во Министерството за економија, од каде се обезбедува документација за предметната дискотека, како и лица поврзани со истата“, изјави Тошковски.

Министерот истакна дека во овој момент не може да каже повеќе во врска со четирите лица, за кои е издадена потерница.

Колега полицаец загина во пожарот во кочанската дискотека при вршење контрола за наркотици и недозволени психотропни супстанци, соопшти пред малку на прес-конференција министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски

Повеќе детали се очекуваат во текот на денот

globe

Слични новости

Агелер: Нашите срца се скршени, благодарна сум на земјите од регионот за веднаш дадената помош

Агелер: Нашите срца се скршени, благодарна сум на земјите од регионот за веднаш дадената помош

Нашите срца се скршени, благодарна сум на земјите од регионот за веднаш дадената помош, изјави американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер, по потпишувањето во Книгата на жалост поради загинувањето на 59 лица во Кочани

Рокас: Тука сме со поддршка како ваши партнери од првиот миг, да се поддржуваме меѓусебе во вакви тешки мигови

Рокас: Тука сме со поддршка како ваши партнери од првиот миг, да се поддржуваме меѓусебе во вакви тешки мигови

Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска изјави дека ЕУ како партнер на Македонија е тука со поддршка и помош од првиот миг на трагедијата што се случи во Кочани, во која животот го изгубија 59 лица, а 155 се повредени