Министерството за внатрешни работи денеска распиша потерница по Артан Груби и по Перпарим Бајрами, двајцата осомничени во случајот со проневера на милиони народни евра во државна лотарија.

Потерницата е објавена на интернет страницата на Министерствот6о за внатрешни работи.

Перпарим Бајрами (31) се сомничи од полицијат за „злоупотреба на службената положба и овластување“ чл.353 ст.4, за „примање поткуп“ чл.357 ст.4 и за „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство“ предвидено и казниво по чл. 275-в ст.3 од КЗ. Артан Груби (47) е осомнничен за „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство“чл. 275-в ст.3 в.в. член 24. Заедно со Груби и Бајрами, осомничен за „злоупотреба на службената положба и овластување“ предвидено и казниво по чл.353 ст.4, е и поранешниот премиер Димитар Ковачевски (50), како и уште пет лица.

За Груби и за Бајрами полицијата распишала меѓународна потерница.

globe

Слични новости

НБРМ: Каматните стапки на благајничките записи и на расположливите депозити се намалуваат за 0,25 п.п.

НБРМ: Каматните стапки на благајничките записи и на расположливите депозити се намалуваат за 0,25 п.п.

Оценето дека најновите услови во економијата овозможуваат да се продолжи со постепеното нормализирање на поставеноста на монетарната политика. Оттука, беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се намали за 0,25 п.п., на нивото од 5,55%.

Денеска во Брисел самит ЕУ-Западен Балкан

Денеска во Брисел самит ЕУ-Западен Балкан

На крајот од самитот е предвидена заедничка декларација во која ќе се потврди целосната и недвосмислена посветеност на перспективата на членството на западен Балкан во ЕУ.