Поранешниот генерален секретар на НАТО Андерс Фог Расмунсен оцени дека НАТО без учество на САД „не значи ништо“, укажувајќи дека европските земји и натаму го голема мерка се потпираат врз САД кога станува збор за безбедноста.

Расмунсен изјави за „Политико“ дека евентуалното дистанцирање на САД од Алијансата би ја поставило Европа пред сериозен предизвик и би ја натерало да ги преиспита сопствените одбранбени капацитети.

„Доколку САД решат да не учествуваат во НАТО или го занемарат, Европјаните ќе мора да создадат европски НАТО, во чие средиште ќе биде коалицијата на волните, способни и подговтевни европски земји да ја бранат Европа“, изјави Расмунсен.

Слични новости

Марта Кос со критики кон Белград за новите закони

Кога една земја е кандидат за членство во ЕУ, како што е Србија, очекуваме да се однесува европски, но вчера усвоените измени на правосудното законодавство претставуваа сериозен застој во тој поглед