Раперот Шон „Диди“ Комбс, кој беше осуден на повеќе од четири години затвор поради обвиненија за проституција, ја отслужува затворската казна во федералниот затвор „Форт Дикс“ каде што работи во затворската капела и посетува програма за лекување од дрога, покажуваат затворските записи.
Како што пренесува „Си-би-ес“ (CBS), Комбс, исто така, се соочува со дисциплински мерки за недозволен телефонски повик, што може да води до привремено губење на неговите права на телефон и продавница во затворот.
Повиците биле упатени до повеќе луѓе, отколку што дозволуваат затворските правила, иако Комбс тврдел дека имало еден повик со неговиот правен тим и за соопштение за медиумите.
Комбс е запишан и во „Програмата за лекување од злоупотреба на дрога“ (РДАП), најинтензивната програма за рехабилитација од дрога во затворот, којашто може да му ја намали казната до една година.
Неговата претставничка рече дека раперот е „активно вклучен во неговиот процес на рехабилитација“ и оти е сосредоточен на промени кон подобро.
За време на судењето, Комбс изјави дека неговите проблеми со дрога и алкохол се главната причина за неговите постапки, истакнувајќи дека сега, првпат по 25 години, е трезен.
Слични новости
Претседателот Доналд Трамп ќе биде во улога на шоумен и домаќин на церемонијата на доделување на почесните награди во Кенеди центарот
Сум ги гледал досегашните водители. Ако не можам да го надминам Џими Кимел во талентот, тогаш и не заслужувам да бидам претседател, изјави Трамп.
Зоотопиа 2 се приближува до заработка од една милијарда долари
Анимацискиот феномен на студиото Волт Дизни „Зоотопиа 2“ надвор од САД стана најсупешниот филм оваа година со заработка од дури 695,3 милиони долари за две недели прикажување.
Хоророт „Петте ноќи кај Фреди“ прв на американскиот Бокс Офис
Секвелот на Блумхаус хорор филмот „Петте ноќи кај Фреди“ викендов заработи 63 милиони долари на кино благајните во САД, што е најдобро отварање на филм во викенд по празничниот продолжен викенд за Денот на благодарноста.


