По 30 дена притвор добија тројца раководители на „Комуналец“ од Гостивар, осомничени за загадување на водата за пиење. Вршителката на должност директорка Артана Асани, техничкиот раководител на сектор за технички работи, Леон Нуредини и раководителот на одделението за водовод Вадедин Дервиши вчера  со лисици беа донесени пред судија на претходна постапка во Судот во Гостивар, а по неколку часа беа однесени во притвор во Шутка, откако беа уапсени.

Тие се сомничат за тешки дела против животната средина и природата, сериозно кривично дело за кое запретената казна е од четири до максимална, односно до 20 години затвор.

Над 3.000 илјади граѓани на Гостивар побарале лекарска помош во изминатите 10-тина дена, жалејќи се на пролив, повраќање и високи температури. Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ја забрани водата за секаква употреба, беше прогласена епидемија, а Владата прогласи вонредна состојба во Општина Гостивар.

Слични новости

Гостивар денеска треба да добие вода за пиење

Според најавите на премиерот Христијан Мицкоски, последните анализи покажуваат добри резултати по спроведеното хиперхлорирање на водоводната мрежа, а надлежните институции денеска треба да ја потврдат исправноста на водата за техничка употреба.

Почина актерот Гоце Тодоровски

Почина актерот Гоце Тодоровски

На 75. годишна возраст синоќа почина легендарниот театарски, филмски и телевизиски актер Гоце Тодоровски, објави неговото семејство. Ќе остане запаметен по улогите во „Македонски народни приказни“, „Бушава азбука“, „Балкан бенд“, „Трст виа Скопје“, „Солунски патрдии“, „Хихирику“