По 30 дена притвор добија тројца раководители на „Комуналец“ од Гостивар, осомничени за загадување на водата за пиење. Вршителката на должност директорка Артана Асани, техничкиот раководител на сектор за технички работи, Леон Нуредини и раководителот на одделението за водовод Вадедин Дервиши вчера со лисици беа донесени пред судија на претходна постапка во Судот во Гостивар, а по неколку часа беа однесени во притвор во Шутка, откако беа уапсени.
Тие се сомничат за тешки дела против животната средина и природата, сериозно кривично дело за кое запретената казна е од четири до максимална, односно до 20 години затвор.
Над 3.000 илјади граѓани на Гостивар побарале лекарска помош во изминатите 10-тина дена, жалејќи се на пролив, повраќање и високи температури. Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ја забрани водата за секаква употреба, беше прогласена епидемија, а Владата прогласи вонредна состојба во Општина Гостивар.
Слични новости
Крум Ефремов ќе биде новиот македонски амбасадор во Софија
Во тек се подготовките за заминување на дипломатот Крум Ефремов за амбасадор во Софија, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.
Од денеска горивата поскапи, синоќа гужви на бензинските пумпи
Горивата од синоќа од полноќ повторно поскапеа и според последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемија за 4,85 отсто.
ВМРО-ДПМНЕ: Наспроти хистеријата на Филипче и СДСМ, водата во Гостивар е чиста и безбедна
Но додека во СДСМ се препелкаат во сопствениот талог и кал, институциите работат и ги решаваат проблемите, меѓу кои и тие со водата, наведува ВМРО ДПМНЕ во партиското соопштение.


