Вселенската ракета Фалкон 9 на американската компанија „Спејсекс“ со четири астронаути полета од Флорида за да преземе двајца астронаути кои се заглавени на Меѓународната вселенска станица ИСС.

Астронаутите се заглавени поради дефект на летелицата „Старлајнер“ на компанијата Боинг.

Американските космонаути Буч Вилмор и Суни Вилијамс се наоѓаат на ИСС веќе девет месеци, а нивното враќање на земјата во повеќе наврати беше одлагано.  

Тие слетаа на ИСС во јуни и беше планирано да останат осум дена, а останаа досега поради проценките дека нивното враќање со „Стралајнер“ не е безбедно, поради технички дефект.

 

Слични новости

Куче пукало во сопственикот

Куче пукало во сопственикот

Американец бил ранет во ногата кога бил застрелан од неговото куче, чија шепа случајно завршила на чкрапалото, соопшти полицијата во Мемфис.