Командантот на украинската армија во Доњецк, Олександр Луценко е разрешен по неколку значајни порази, објавија украинските медиуми.
Според порталот Украинска правда, на негово место ќе дојде Олександер Тарнавски. Назначувањето сѐ уште не е официјално објавено. Кризата на украинските еиници во источниот дел на земјата се интензивираше во последните седмици
Луценко беше одговорен за предниот дел на одбраната околу стратешки важните градови Покровск и Курахово. Руската армија веќе делумно го окупираше Курахово, кој е пред пад. Украинската армија успеа да го брани градот подолго отколку што предвидуваа многу аналитичари.
Военото водство се соочи со остри критики за несоодветната одбрана кај Покровск. Руската армија успеа да ги пробие добро развиените и погодно лоцирани одбранбени линии јужно од градот. Поради ова, на Покровск му се заканува опасност да биде опколен и натамошно напредување на руската војска кон регионот Дњепропетровск.
Тарнавски е еден од најпознатите генерали во Украина. Тој ги предводеше успешните контранапади на Украина во 2022 година на југот на земјата, со што повторно беше заземен Херсон. Сепак, неговиот обид за пробој во Запорожје во летото 2023 година не беше успешен, како и одбраната на градот Авдиивка во областа Доњецк.
Слични новости
Медиумите и телекомуникациите на полската листа стратешки компании
Полска ќе додаде неколку медиумски и телекомуникациски компании на својата листа стратешки компании, што значи дека тие не можат да се продаваат без одобрение од владата
Највисокиот француски суд ја потврди пресудата против Саркози за корупција
Саркози поднесе жалба на пресудата од 2021 година, со која беше осуден на три години затвор, од кои две беа условни и една година дека може да ја одлежи дома со електронска нараквица
Нетанјаху: Израел останува на планината Хермон на сириската граница додека не се постигне нов договор
Израел ќе остане на стратешката локација на планината Хермон на сириската граница додека не се постигне поинаков договор, изјави премиерот Бенјамин Нетанјаху