Трилатерните разговори во Абу Даби отворија пат за состанок меѓу претседателите на Русија и на Украина Владимир Путин и Володимир Зеленски во многу блиска иднина, пренесува американскиот портал Аксиос, повикувајќи се на изјава на висок американски преговарач.
„Преговорите во Абу Даби беа клучен чекор кон преминување во следната фаза на преговорите. Многу сме блиску до состанок меѓу Путин и Зеленски“ изјави американскиот преговарач.
Тој порача дека доколку за време на следниот трилатерален состанок во Абу Даби меѓу Русија и Украина со посредство на САД се постигне поголем напредок, многу брзо ќе има состанок меѓу двајцата претседатели во Москва или Киев, што не се случило со години.
Слични новости
ОН: Кризата во Ормускиот Теснец може да предизвика глобална катастрофа во земјоделството
Обединетите нации соопштија дека кризата во Ормускиот Теснец може да предизвика глобална катастрофа во земјоделството.
Иран: Заканите на Трамп со блокада се бесмислени и смешни
Командантот на иранската морнарица контраадмиралот Шахрам Ирани ги отфрли како „крајно бесмислени и смешни“ најновите закани на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе воведе поморска блокада на Ормутскиот теснец.
САД најавија блокада на иранските пристаништа
Од денеска САД ќе воведат блокада на иранските пристаништа со цел да се спречи движењето на бродови по клучната рута за транспорт на нафта и гас, објави претседателот Доналд Трамп. Тој најави „целосна блокада“ на Ормуска Теснина по неуспешните мировни преговори со Иран.


