Криминалната група за трговија со оружје која делуваше на Косово и Албанија е разбиена по девет месеци истрага на Специјалното обвинителство на Косово со Обвинителството на Основниот суд од општа надлежност во Тирана и притоа се уапсени 16 лица, соопшти денеска Специјалното обвинителство.
„Специјалното обвинителство на Косово во врска со овој случај ја информира јавноста дека во април годинава добило информација во врска со сомнение дека одредени државјани на Косово и Албанија се занимаваат со увоз, извоз, снабдување, транспорт, посредување и неовластено продажба на оружје или експлозивни материјали по добивањето на таа информација ја овластила косовската полиција да преземе истражни дејствија, заради прибирање докази“, се наведува во соопштението.
Во акцијата спроведена во Косово и Албанија се уапсени вкупно 14 лица. На Косово се уапсени и приведени осум осомничени, од кои шест се од Косово, двајца се државјани на Албанија, а уште шестмина се уапсени во Албанија.
Како што е соопштено, на 10 декември косовската полиција извршила проверка на девет објекти на осомничените и пронајде и заплени 29 пиштоли, три долги пиштоли од различни модели, 2.635 куршуми од различни модели, две возила и друга опрема.
Во меѓувреме, на 11. декември, под раководство на Обвинителството на Основниот суд во Тирана, е спроведена акција за извршување на налози за апсење на шест лица и проверка на нивните станови. При таа акција се уапсени шест лица за кривично дело трговија со оружје и муниција сторено во соработка.
Запленети се 22 парчиња огнено оружје „Зораки“, едно огнено оружје Ак 47, офанзивна рачна бомба и 470 куршуми од разни видови. Одземени се и три возила, значителна сума пари и 10 мобилни уреди.
Од спроведените истраги, документирани се случаи на продажба на огнено оружје, главно пиштоли „Зораки“, кои од Косово биле пренесени во Албанија.
Слични новости
Главчев: Бугарија го поддржува приемот на Западниот Балкан во ЕУ доколку се исполнат поставените услови
Конкретно кога станува збор за Северна Македонија, го имаме т.н. компромис од 2022 година, направен од наша страна. Тој е веќе европски (услов), потпишан од сите држави членки на Европската унија, вклучително и од Бугарија како земја членка, плус од Северна Македонија и нема за што да преговараме. Нашата позиција е непроменета, рече Главчев.
Калас: Сакаме да видиме напредок во процесот на проширување на ЕУ
Западниот Балкан е многу важен за Европската Унија, бидејќи тој географски и припаѓа на Европа и затоа е многу важно да ги унапредиме нашите односи, порача високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас при пристигнувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел
Кошта: За сите нас проширувањето на ЕУ е приоритет и сме посветени на тоа
Бидејќи припаѓаме на исто европско семејство, делиме континент и што е најважно, заеднички вредности и заедничка историја. Второ, затоа што проширувањето е приоритет за сите нас. Ние веќе сме посветени на проширувањето и сите веруваме дека проширувањето е најважната геополитичка инвестиција во мирот, безбедноста и просперитетот, истакна Кошта.