Бугарија в недела, на 19 април, оди на уште едни предвремени парламентарни избори, осми во последните пет години, а во пресрет на гласањето како фаворит се издвојува поранешниот претседател Румен Радев со неговата „Прогресивна Бугарија“.

Анкетите му даваат јасна предност со околу 33 насто од гласовите но не и простор за самостојно владеење, што значи дека и по изборите Софија најверојатно ќе влезе во нов круг тешки коалициски преговори. 

Од изборите во Бугарија не се очекува никаков пресврт во однос на македонското прашање бидејќи постои консензус кај целиот политички спектар кој бара внесување на Бугарите во македонскиот Устав и спроведување на обврските од протоколите.

 

Слични новости

Големи гужви на граничните премини кон Грција

Големи гужви на граничните премини кон Грција

Најголеми гужви се забележуваат на ГП Богородица, каде колоните возила се протегаат со километри, а чекањето трае со часови. Според информации од терен, меѓуграничниот простор е целосно исполнет, додека бројот на возила постојано расте.