Бугарското Народно собрание, ја избра новата Влада предводена од премиерот Румен Радев, предложена од партијата Прогресивна Бугарија.

Пратениците првин го избраа Радев за претседател на Владата. За неговиот избор гласаа 124 пратеници од Прогресивна Бугарија, пратениците од ГЕРБ – СДС беа воздржани, а ДПС, Демократска Бугарија, Продолжуваме со промените и Преродба гласаа против. Вкупно гласаа 230 пратеници.

По гласањето, новите министри положија свечена заклетва.

Во составот на новата Влада, влегуваат и Иван Демерџиев како министер за внатрешни работи, Димитар Стојанов за одбрана, Велислава Петрова-Чамова за надворешни работи, Николај Надејнов за правда, Иван Василев за иновации и дигитална трансформација, Ива Петрова за енергетика, Георги Пеев за транспорт и врск.

Во новата бугарска влада се и Иван Шишков за регионален развој, Росица Каранфилова за животна средина, Пламен Абровски за земјоделство, Наталија Ефремова за труд и социјална политика, Катја Ивкова за здравство, Георги Волчев за образование, Евтим Милошев за култура, Илин Димитров за туризам и Енчо Кирјазов за млади и спорт.

 

Слични новости

Иран делумно го отвори воздушниот простор

Иран делумно го отвори воздушниот простор

Иран денеска делумно го отвори својот воздушен простор за меѓународни летови кои минуваат низ источниот дел од територијата на земјата. Техеран официјално соопшти дека „воздушните рути во источниот дел на земјата се отворени за летови кои транзитираат низ Иран“.

Цените на нафтата паднаа за нови 10 насто

Цените на нафтата паднаа за нови 10 насто

Цената на нафтата Брент се движи под 90 долари за барел, а американската сирова нафта падна на 84 долари за барел, пренесе Трејдинг економикс. Ова е најниско ниво на цената на нафтата во последните 5 недели.