Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека е категорично против испраќање бугарски војници во Украина, без разлика на формата.

„Како врховен командант, категорично сум против испраќање бугарски војници во Украина под каква било форма – изјави Радев на одбележувањето на 35-годишнината од основањето на Конфедерацијата на независни синдикати на Бугарија (КНСБ).

Истакна дека очекува јасен и недвосмислен став од Владата и Парламентот дека Бугарија нема да испраќа свои трупи.

„Од почетокот на војната во Украина го поставив клучното прашање – да не се дозволи Бугарија да биде вовлечена во конфликтот. Денес, кога глобалната безбедносна архитектура се распаѓа, ова прашање е уште порелевантно“, нагласи Радев.

globe

Слични новости

Додик осуден на една година затвор и шест години забрана за вршење дејност

Додик осуден на една година затвор и шест години забрана за вршење дејност

На претседателот на Република Српска му се судеше од февруари 2024 година затоа што не постапил по одлуката на високиот меѓународен претставник Кристијан Шмит, одговорен за почитување на мировниот договор