Вработените во фабриките на германскиот автомобилски концерн „Volkswagen“ стапија во нов штрајк во понеделникот, пред новата рунда преговори со работодавачите, а претставниците на синдикатот најавија неограничени штрајкови доколку нема напредок во преговорите.

„Ако денеска нема напредок, 2025 година ќе започне немирно. Синдикатот веќе даде компромисни предлози“, изјави лидерот на синдикатот Торстен Грогер пред неколку илјади собрани работници во главната фабрика на „Volkswagen“ во Волфсбург.

Претставникот на синдикатот IG Metall најави дека доколку управата опстои на политиката на штедење, работниците ќе штрајкуваат на неопределено време.

И претседателката на работничкиот совет на VW, Даниела Кавало, побара од раководството да се откаже од своите максимални барања.

Менаџментот пред неколку седмици објави дека поради намалената продажба на електрични автомобили мора да ги намали платите за 10 отсто и се закани со затворање на фабриката.

Само така можеме да останеме конкурентни на пазарот“, изјави Арне Мајсвинкел, претставник на менаџментот во преговорите.

Вработените предлагаат формирање финансиски фонд кој би се финансирал од дел од платата од која се откажуваат работниците, а од кој би се финансирал надоместокот на оние работници кои се принудени да работат со намалено работно време.

Минатиот викенд, канцеларот Олаф Шолц, исто така, се вклучи во дебатата околу пропаднатиот автомобилски гигант и побара од менаџментот на VW да не ги затвора погоните во Германија.

„Не би било правилно да се затворат погоните и да се отпуштат работници, пред сè, затоа што тоа се случи поради погрешни проценки на раководството“, рече Шолц.

Германската автомобилска индустрија е во криза поради намалената побарувачка за електрични автомобили. И „Ford“ во Германија пред неколку дена најави отпуштање на неколку илјади работници.

globe

Слични новости

Нафтата благо поскапе поради падот на залихите во САД

Нафтата благо поскапе поради падот на залихите во САД

Цените на нафтата во четвртокот благо пораснаа поткрепени од падот на залихите на сирова нафта во САД, но нивниот раст беше ограничен бидејќи американската централна банка сигнализираше дека ќе го забави темпото на намалување на каматните стапки во 2025 година, што би можело да му наштети на економскиот раст, да ја намали побарувачката и да го зајакне американскиот долар