Државниот завод за ревизија утврди дека во периодот 2020–2025 година државата исплатила околу 64,4 милиони евра, по основ на судски постапки од работни спорови.
Речиси половина од средствата се однесуваат на камати, трошоци на парнична постапка и извршни трошоци. Ревизијата покажала дека бројот на активни предмети значително се зголемил – од 9.361 во 2021 година на 24.556 во 2025 година.
Според наодите, државата нема воспоставено ефикасен и системски пристап за управување со работните спорови, а во институциите во најголем дел не постојат системи за следење и анализа на причините и исходите на споровите.
Слични новости
Уапсената директорка на гостиварски Комуналец и двајца други раководители за загадување на водата, спроведени во Судот
Директорката на гостиварски комуналец Артана Асани и уште двајца нејзини соработници, техничкиот директор на Комуналец, Леон Нуредини и Вадедин Дервиши шеф на „Водовод и канализација пред се уапсени и спроведени во Судот во Гостивар.
