Транспареси интернешенал во месечниот извештај за април 2026 ја критикува нетранспарентноста во работата на Судскиот совет.
Во извештајот се издвојуваат повеќе наоди за системски слабости, меѓу кои и извештајот за Државната комисија за спречување на корупција за формално воспоставен, но недоволно применет систем за интегритет.
Извештајот повторно ја нагласува важноста на транспарентноста и отчетноста на институциите, како клучни елементи за зајакнување на довербата на граѓаните.
Дополнително, ревизиите укажуваат на неправилности во евиденцијата на имот кај Агенцијата за катастар, како и истражувања кои покажуваат висок ризик од корупција во јавните набавки во здравството.
Слични новости
Обвинителството поднесе кривични пријави за сопствениците на АСД метал груп, одговорни за пожарот во Визбегово
Јавното обвинителство поднесе кривични пријави против три лица, директорката на АСД метал груп, неформалниот сопственик на компанијата и уште едно лице. Обвинителството ги товари за Загрозување на животната средина и природа со отпад, дело за кое може да добијат до 10 години затвор.
ССМ денеска на протест пред Стопанската комора
Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов изјави дека синдикалците се под притисок и дека луѓето што излегуваат на протести се заокружуваат и се следат.
Бислимоски поднесе оставка од претседателската функција на РКЕ
Бислимоски во оставката не ги навел причините за повлекувањето. Неодамна Управата за финансиска полиција му поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување