Северна Кореја истрела, како што се чини, балистички ракети со краток дострел кон морето од својот источен брег, соопшти војската на Јужна Кореја во средата, седница пред клучниот состанок на челниците на Азиско-пацифичкиот регион во Јужна Кореја.

Тоа би било првото лансирање балистички ракети од мај оваа година, а Пјонгјанг со тоа ја игнорира меѓународната забрана, поддржана од САД и Јужна Кореја, за развој на такво оружје.

Се очекува јужнокорејскиот претседател Ли Џае Мјунг и американскиот претседател Доналд Трамп да се сретнат во Јужна Кореја следната седмица на самитот на Азиско-пацифичкото економско партнерство (APEC). Се очекува таму Трамп да се сретне и со кинескиот претседател Кси Џинпинг.

Јужна Кореја открила неколку проектили за кои се верува дека се балистички ракети со краток дострел истрелаби од област во близина на Пјонгјанг на североисток, соопшти Заедничката команда во среда. Јужна Кореја ги споделува информациите за лансирањето со САД и Јапонија, соопшти војската.

Новиот јапонски премиер Санае Такаичи изјави дека лансирањето на севернокорејска ракета немало влијание врз безбедноста на Јапонија и дека Токио споделува информации во реално време со САД.

Северна Кореја последен пат истрела балистички ракети на 8 мај, кога лансираше неколку ракети со краток дострел од својот источен брег. Оваа година, Северна Кореја ја претстави својата најнова интерконтинентална балистичка ракета на парада на која присуствуваше и кинескиот премиер.

globe

Слични новости

Макрон: Мировен план може да биде склучен само со одобрение на Зеленски и на Европа

Макрон: Мировен план може да биде склучен само со одобрение на Зеленски и на Европа

Денес нема завршен план. Во однос на прашањето за териториите, тој може да биде финализиран само од претседателот Зеленски, рече Макрон на заедничката прес-конференција со украинскиот претседател во Париз

Трамп и Нетанјаху разговараа за разоружувањето на Хамас и демилитаризацијата на Газа

Трамп и Нетанјаху разговараа за разоружувањето на Хамас и демилитаризацијата на Газа

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека тој телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за разоружувањето на милитантнатата организација Хамас и проширување на мировната спогодба.

САД се оптимисти околу преговорите за Украина

САД се оптимисти околу преговорите за Украина

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп е „мошне оптимистична“ во врска со постигнувањето договор за окончување на војната во Украина, изјави портпаролката на Белата куќа Керолајн Ливит.