Компресорската станица за хируршките клиники во комплексот клиники Мајка Тереза, денеска официјално беше пуштена во употреба.
Министерот за здравство, Арбен Таравари, изрази задоволство што освен континуирани инвестирања во реновирања и опремувања во здравството, се решавале и долгогодишни наследени проблеми како овој со станицата.

ој истакна дека функционира и старата компресорска опрема, со што ќе се избегнат минатогодишните проблеми.
Тој ги наброја салите што ја користат оваа станица, нагласувајќи дека сите што ќе сакаат, ќе можат да се приклучат.
Во месец мај, минатата година, операционите сали на Клинички центар беа затворени поради непријатна миризба. За итни интервенции, пациентите се упатуваа во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ и во Градската општа болница „8 Септември”.
Компресорската станица беше изградена пред околу 33 години и требалo да биде сменета пред три години.
Слични новости
ВМРО-ДПМНЕ ги обвини претседателите на УПОЗ и ССМ дека не се грижат за граѓаните, туку само за својот личен профит
Во соопштението од владејачката партија се вели дека претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов одработува за опозициската СДСМ од кои, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, бил поставен да извршува партиски насоки и агенди
Нанос од песок на патот Валандово – село Удово, сообраќајот се одвива отежнато
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Најмногу дожд во Гевгелија, најмалку во Берово и Охрид
Попладне, особено во источните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд