Состанокот со специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател, Доналд Трамп, беше многу корисен, рече рускиот претседател Владимир Путин.
Рускиот претседател кажа и дека предлозите кои ги донеле американските претставници во Москва се засновани на договорите меѓу него и Трамп на Алјаска. Притоа нагласи и оти постигнувањето на консензус е „тешка задача“.
Американската страна поделила 27 точки од планот на Трамп во четири пакети и предложи да се разговара одвоено за нив, соопшти Путин кој додаде дека морал да минува преку секоја точка поради што и состанокот со претставниците на САД траел толку долго, околу пет часа.
„Имаше прашања со кои Русија не се согласуваше, но двете страни разговараа и за нив“, порача Путин.
Тој истакна дека жителите на Доњецк и на Луганск не сакале да живеат со Украина и дека тоа го изразиле на референдум.
Слични новости
Замир постави нова граница со Појасот Газа
Началникот на Генералштабот на израелската армија, Ејал Замир, изјави дека линијата до која се повлекоа израелските сили сега е новата граница меѓу Израел и палестинските територии
Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе
Индонезија се справува со последиците од масовните лизгања на земјиштето и ненадејните поплави предизвикани од циклонот на островот Суматра минатата седмица, при што бројот на жртвите во неделата надмина 900 луѓе
Макрон по примерот на Трамп ѝ се закани со царини на Кина
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека му се заканил на Пекинг со царини за време на посетата на Кина доколку не преземе мерки насочени кон намалување на растечкиот трговски суфицит со Европската унија


