Рускиот претседател Владимир Путин денеска пристигнува во посета на Пекинг на средби со кинескиот лидер Си Џинпинг, само неколку денови по Доналд Трамп.
Како што соопшти Кремљ, претседателите Путин и Си ќе разговараат за глобални прашања, економските односи и долгогодишното партнерство меѓу двете земји.
Посетата исто така ја одбележува и 25 годишнината од потпишувањето за Договорот за добрососедство и пријателство меѓу Русија и Кина во 2001 година.
Пекинг и Москва значителни ја продлабочија меѓусебната врска, особено по руската инвазија на Украина и нејзината меѓународна изолација и санкциите. Токму санкциите ја натераа Москва сѐ позависно да се потпира на Пекинг, како за дипломатска поддршка, така и за економска соработка.
Кина е убедливо најголемиот трговски партнер на Русија, додека пак во исто време значителното руско природно богатство е неопходно за незаситната кинеска индустрија.
Слични новости
Французинката заразена со хантавирус во критична состојба
Во критична состојба е французинка која е заразена за време на епидемијата на смртоносниот хантавирус на крузерот под Холандиско знаме. Бројот на регистрирани случаи веќе достигна 11, од кои 9 се потврдени.
Доналд Трамп во посета на Кина и средба со Си Џинпинг
Американскиот претседател Доналд Трамп треба да пристигне во Пекинг денеска на неговиот долгоочекуван самит со кинескиот лидер Си Џинпинг во момент кога светот е загрижен за војната, трговијата и вештачката интелигенција.
Благ пад на цената на нафтата на 106 долари за барел
Цените на нафтата утрово паднаа, прекинувајќи го тридневниот раст и покрај тоа што продолжениот конфликт на Блискиот Исток и двојно затворениот Ормуски теснец ги стеснија глобалните резерви на енергија.


