Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да оствари телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, додека Москва чека известување од Вашингтон дека и таа страна е подготвена, изјави во петокот портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Трамп во четвртокот рече дека сака да се сретне со Путин што е можно поскоро за да обезбеди крај на војната со Украина и изрази желба да работи на намалување на нуклеарното оружје од кои договори САД исапија а Русија воведе мораториум на нуклеарните проби па објави дека договорите повеќе не се на сила, а Кремљ соопшти дека Путин јасно ставил до знаење дека го сака истото.
На прашањето дали двајцата претседатели ќе го искористат овој прв викенд од вториот претседателски мандат на Трамп за нивниот прв телефонски разговор, што би било важно претходење на средбата лице в лице за подлабоки разговори, Песков рече дека „Путин е подготвен. Чекаме сигнали (од Вашингтон). Тешко е да се прочита од филџан кафе во оваа ситуација“.
Трамп, кој во четвртокот се обрати на Светскиот економски форум во швајцарски Давос преку видео врска, рече дека сака да работи на намалување на нуклеарното оружје, додавајќи дека смета дека Русија и Кина можат да поддржат намалување на сопствените капацитети за оружје.
„Би сакале да видиме денуклеаризација… и ќе ви кажам дека на претседателот Путин навистина му се допадна идејата за намалување на нуклеарната енергија. Мислам дека ќе го натераме остатокот од светот да го следи примерот, а Кина ќе се приклучи“. изјави американскиот претседател кој ги повлече САД од нуклеарниот договор СТАРТ барајќи со него да биде опфатена и Кина, а Пекинг одбива поради несразмерноста на нејзиниот нуклеарен арсенал во споредба со рускиот и американскиот.
Песков вели дека Путин јасно ставил до знаење дека сака да ги обнови преговорите за нуклеарно разоружување што е можно поскоро, но дека таквите разговори треба да бидат пошироки отколку во минатото за да ги опфатат нуклеарните арсенали на другите земји, вклучително и Франција и Велика Британија, американските сојузници во НАТО.
„Значи, има за што да се зборува, треба да разговараме за тоа. Времето е изгубено на многу начини. За таков интерес сме зборувале и порано, така што топката е на теренот на САД, кои ги запреа сите суштински контакти со нашата земја“, рече портпаролот на Кремљ.
Новиот договор за намалување на стратешкото оружје или Новиот СТАРТ, кој го ограничува бројот на стратешки нуклеарни боеви глави што САД и Русија можат да ги распоредат, како и распоредувањето на носачите на проектилите и бомбардери од копно и подморници за нивно испорачување, ќе истече на 5 февруари 2026 година.
Тоа е последниот преостанат столб од контролата на нуклеарното оружје меѓу двете најголеми нуклеарни сили во светот.
Цените на нафтата, преговори со Зеленски
Коментирајќи го барањето на Трамп во Давос, OPEC и Саудиска Арабија да ги намалат цените на нафтата и идејата дека пониските цени може да го забрзаат крајот на војната во Украина, Песков рече:
„Не, овој конфликт не зависи од цените на нафтата. Американците и Европејците треба да ја слушнат загриженоста на Русија, тоа нема никаква врска со цените на нафтата“, порача портпаолот на рускиот претседател.
Портпаролот се осврна и на тврдењето на Трамп дека украинскиот претседател Володимир Зеленски е подготвен да постигне мировен договор, но посочи дека Зеленски отфрлил какви било преговори со Путин со декрет од 2022 година.
„За да се постигне решение, треба да се водат преговори. (Но) самиот Зеленски го забрани тоа во својот указ“, укажа Песков на редовниот брифинг со новинарите акредитирани во Кремљ.
Москва повеќепати повтори дека Зеленски донесе закон со кој се забрануваат какви ид а се преговори со Москва, но посочува дека бидејќи минатата година неговиот мандат официјално истече, сега евентуалните преговори би можел да ги води украинскиот парламент според одредбите од уставот на соседната земја.
Украинскиот претседател оваа седмица изјави дека ќе бидат потребни најмалку 200.000 европски мировници за да се спречи наводен нов руски напад врз Украина по евентуален договор за прекин на огнот.
Слични новости
Пред изборите расте поддршката за социјалдемократите на Олаф Шолц
Неколку седмиици пред одржувањето на предвремените парламентарни избори во Германија, владејачките социјалдемократи на канцеларот Олаф Шолц забележуваат пораст на нивната популарност во анкетите
Украина подготвена за разговори за крај на војната, но со вклученост на САД и Европа
Зеленски, кој долго време бараше сите руски војници да ја напуштат територијата Украина како предуслов, последните седмици зборуваше за потребата од разговори за да се доведе конфликтот до „праведен“ крај
Трамп предлага трајно раселување на жителите на Газа
Трамп го повтори својот повик до Јордан, Египет и другите арапски држави да ги примат жителите на Газа, велејќи дека Палестинците таму немаат друг избор освен да го напуштат крајбрежниот појас