Рускиот претседател Владимир Путин во неделата во Кремљ го прими словачкиот премиер Роберт Фицо, еден од ретките европски челници со кои останува близок, јави руската телевизија.
„Путин моментално разговара со словачкиот премиер Фицо во Кремљ“, напиша Павел Зарубин, руски телевизиски новинар близок до Кремљ, на својот канал на платформата Telegram, заедно со кратко видео на кое се прикажани двајцата државници.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на прашањето на Зарубин, потврди дека оваа посета, која не беше официјално најавена, била планирана „пред неколку дена“.
Путин и Фицо разговараат еден на еден, пренесува новинската агенција Тасс.
Песков не сакаше да ги прецизира темите на дневниот ред на оваа средба, велејќи дека сепак може да се „претпостави“ дека ќе се разговара за прашањето за транзитот на рускиот гас.
Украина минатото лето објави дека нема да го продолжи договорот со Русија, кој е со важност до крајот на годината, а кој ја обврзува да транспортира руски гас во Европа преку својата мрежа гасоводи која датира уште од советскиот период.
Последните неколку седмици Словачка и Унгарија, кои се многу зависни од рускиот гас, се пожалија дека гасоводите ќе бидат целосно затворени на 31. декември, без сигурни алтернативни решенија.
Роберт Фицо, кој од есента 2023 година повторно ќе ја води владата на Словачка, членка на ЕУ и НАТО, одлучи да ја прекине секаква воена помош за Украина, со образложение дека словачките воени складишта се речиси испразнети, а граѓаните осиромашени, но не ја ускратува можноста приватните компании да учестуваат во воени испораки за Киев.
Фици, кој беше цел на атентатор противник на неговите политики, е застапник за мировни преговори со Русија, како и неговиот унгарски колега Виктор Орбан. Роберт Фицо во ноември најави дека во мај ќе отпатува за Москва за да ја прослави 80-годишнината од победата над нацистичка Германија.
Слични новости
Трамп e за задржување на TikTok на американскиот пазар „на некое време“
Новоизбраниот претседател на Соединетите држави, Доналд Трамп, во неделата изјави дека се залага TikTok да продолжи да работи во земјата барем некое време, тврдејќи дека добил милијарди прегледи на оваа социјална платформа за време на претседателската кампања
Десетици загинати во израелските напади врз Појасот Газа и Западниот брег
Околу 30 лица загинаа во нови израелски напади во Појасот Газа, објавија во неделата палестинските медиуми
Зеленски: Членството на Украина во НАТО е „остварливо“
Членството на Украина во НАТО е „остварливо“, но Киев ќе мора да се бори за да ги убеди сојузниците и да го оствари тоа, изјави претседателот Володимир Зеленскиј пред украинските дипломати