Рускиот претседател Владимир Путин одобри воено ориентиран буџет за периодот 2025-2027 година, се вели во документот објавен на официјалната веб-страница на правни акти во неделата.

Државниот буџет за следната година вклучува зголемување на воените трошоци за 25 отсто, но тој ќе биде најтаинствен во постсоветската историја, со речиси една третина од вкупните трошоци затворени за јавен увид.

 

Владата призна дека потребите на, како што ја нарекува Москва, нејзината „специјална воена операција“ во Украина и поддршката за војската, ќе останат буџетски приоритет заедно со социјалните потреби и технолошкиот развој.

Владата го претстави предлог-буџетот како „урамнотежен“, при што дефицитот падна на 0,5 отсто од годинешниот проектиран дефицит од 1,7 отсто, а државниот долг остана под границата од 20 отсто за следните три години.

globe

Слични новости

Волстрит: Внимателно тргување, индексите стагнираат

Волстрит: Внимателно тргување, индексите стагнираат

На Волстрит берзанските индекси беа главно непроменети во четвртокот, бидејќи пазарот не успеа да закрепне од остриот пад ден претходно, кога американската централна банка сигнализираше дека има намера да го забави темпото на намалување на каматните стапки