Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека ситуацијата на фронтот во Украина дава основа да се каже дека војната во Украина се приближува кон крајот. Путин сепак рече дека не е можно да се одредат специфични датуми за окончување на конфликтот, но дека тој изјавата ја дава врз основа на анализа на состојбата на фронтот, како и дека руската армија е во офанзива на сите делови од фронтот во Украина.
Путин порача и дека Русија не води агресивна политика кон западот и дека е подготвена за мир, но дека Европа, не посакува таков мир.
Тој рече и дека европските земји засега не предложиле посредник во преговорите со Русија, а дека за него поранешниот германски канцелар Герхард Шредер би бил прифатлив, затоа што смета дека тоа е човек на кој може да му се верува.
Слични новости
Петер Маѓар им ги одзеде отпремнините на поранешните министри и на Орбан
Новиот унгарски премиер Петер Маѓар одби да ја потпише документацијата за исплата на со закон предвидените отпремнини за министрите од поранешната влада на Виктор Орбан
Трамп: Војната може да ескалира ако Иран не даде „соодветни одговори“
Ги погодивме многу силно. Можеби ќе треба да ги погодиме уште посилно, но можеби и не“, рече тој, повторувајќи го ставот на неговата администрација за иранската нуклеарна програма.
Мерц им предложи на лидерите на ЕУ Украина да добие статус на придружна членка
Германскиот канцелар Фридрих Мерц во писмо кое го упати до лидерите на ЕУ предложи на Украина да и се даде статус на придружна членка во унијата, како привремен чекор до членство во ЕУ.


