Во четвртокот со Волстрит завладеа жестока распродажба, предводена од акциите на компаниите кои учествуваат во изградба на центри на податоци за вештачката интелигенција.
Индексот СП 500 падна за 4,4 насто, забалежувајќи најголем пад од април 2025 кога Трамп го потресе светот со воведување огромни царини. Технолошката берза НАСДАК падна за големи 5,5 насто.
НАСДАК во кој доминираат акциите на технолошките компании-вклучувајќи ги и оние поврзани со вештачката интелигенција сега е 11,9 насто под историскиот максимум достигнат минатиот месец.
Светските берзи на акции се најдоа под голем притисок поради континуираниот пад на вредноста на компаниите кои профитираа од процутот на вештачката интелигенција. Аналитичарите истакнуваат дека цените во секторот на вештачката интелигенција премногу пораснаа и дека станува збор за „надуван балон“.
Дополнителен предизвик претставуваа и американските избори на половина од мандатот.
Победата на демократите во САД ја отворија можноста властите да наложат запирање на изградбата на нови центри за податоци. Секое успорување на изградбата на центри за податоци за вештачката интелигенција ќе значи намалување на побарувачката за специјализирани чипови
Компанијата Енвидија која брзо стана симбол на процутот на вештачката интелигенција падна за 9,3 насто и беше најголем товар за СП 500.
Слични новости
Црна Гора и го одзеде одобрението за платежни услуги на „Алта пеј груп“
Советот на Централната банка на Црна Гора денеска го одзеде одобрението за давање платежни услуги на платежната институција „Алта пеј груп“ ДОО Подгорица, откако утврдил дека компанијата повеќе не ги исполнува законски пропишаните услови за оваа дејност.
Трамп се закани со блокади на законите ако демократите го освојат мнозинството во Конгресот: „Ќе станам господин Вето“
„Тие ќе испраќаат закони, а јас ќе ги блокирам. После еден или два месеци ќе разберат дека е тоа губење време и ќе дојдат за да постигнеме договор’, порача Трамп.
Ексон Мобајл и Шеврон ги надминаа очекувањата во профитите благодарение на растот на маржата во преработката на нафта
Ефективното затворање на Ормутскиот теснец и нападите врз рафинериите во Саудиска Арабија и Русија ги намалија капацитетите за производство на гориво, што ги дигна маржите во преработката на нафтата.


