Во четвртокот со Волстрит завладеа жестока распродажба, предводена од акциите на компаниите кои учествуваат во изградба на центри на податоци за вештачката интелигенција.
Индексот СП 500 падна за 4,4 насто, забалежувајќи најголем пад од април 2025 кога Трамп го потресе светот со воведување огромни царини. Технолошката берза НАСДАК падна за големи 5,5 насто.
НАСДАК во кој доминираат акциите на технолошките компании-вклучувајќи ги и оние поврзани со вештачката интелигенција сега е 11,9 насто под историскиот максимум достигнат минатиот месец.
Светските берзи на акции се најдоа под голем притисок поради континуираниот пад на вредноста на компаниите кои профитираа од процутот на вештачката интелигенција. Аналитичарите истакнуваат дека цените во секторот на вештачката интелигенција премногу пораснаа и дека станува збор за „надуван балон“.
Дополнителен предизвик претставуваа и американските избори на половина од мандатот.
Победата на демократите во САД ја отворија можноста властите да наложат запирање на изградбата на нови центри за податоци. Секое успорување на изградбата на центри за податоци за вештачката интелигенција ќе значи намалување на побарувачката за специјализирани чипови
Компанијата Енвидија која брзо стана симбол на процутот на вештачката интелигенција падна за 9,3 насто и беше најголем товар за СП 500.
Слични новости
Нафтата Брент поскапе на 114 долари, европските индекси во пад
Цената на нафтата Брент денеска во 10 часот на берзите порасна за 0,93 насто на 114,2 долари за барел, а лесната американска нафта ВТИ за 1,22 насто на 100,7 долари за барел.
Ејпл влегува на пазарот на телефони на преклоп, почна продажбата на ајфонот Дуо
Продажбата на првиот преклопен телефон на Ејпл ДУО, почна денеска, а пазарните аналитичари следат дали овој модел ќе успее да го смени пазарот на преклопни телефони, како што своевремено ајфонот го смени пазарот на смарт телефоните
Танкер со 40.000 тони руски дизел отплови за Њујорк по договор меѓу Трамп и Путин
Рускиот вицепремиер Александар Новак изјави дека Русија ги укинува ограничувањата за извоз на дизел порано од планираното и дека би можела да испорача 300.000 тони во октомври


