Фудбалерите на Париз Сен Жермен го победија во Пасадена тимот на Атлетико Мадрид со 4:0 во натпревар од првото коло на групата Б од Светското клупско првенство. Актуелниот европски шампион поведе во 19, минута преку Фабијан Руис, а на крајот од првото полувреме ја зголеми предноста со голот на Витиња.

Клубот од Мадрид од 78 минута играше со играч помалку откако црвен картон доби Клеман Лангле. Ова го искористи ПСЖ и до крајот постигна уште два гола.

Во вториот напревар од оваа група бразислки Ботафого ги победи Сиетл Саундерс со 2:1. Бразилците водеа со 2:0 на полувремето, а домашниот тим усепа да го ублажи поразот во 76.минута.

Слични новости

Буфон потврди дека Џенаро Гатузо е нов селектор на фудбалската репрезентација на Италија

Буфон потврди дека Џенаро Гатузо е нов селектор на фудбалската репрезентација на Италија

Гатузо е новиот селектор на италијанската репрезентација. Донесовме најдобра одлука, изјави директорот на италијанската фудбалска репрезентација Џанлуиџи Буфон за италијанските новинари.