Фудбалерите на ПСЖ Синоќа во Салзбург го освоија суперкупот на УЕФА, откако ја победија  Астон Вила со 2:1.

ПСЖ поведе со голот на Квича Кваратскелија во 20-тата минута од мечот, а пред крајот на првото полувреме израмни тинејџерот на Астон Вила Маџо, кој настапи наместо Оли Воткинс кој имаше поштеда од тренерот Унаи Емери.

Во второто полувреме Луис Енрике го воведе во игра најдобриот играч на светот за минатата сезона Осман Дембеле кој беше асистент на Дезире Дуе при победеничкиот гол кој ПСЖ го постигна во 61-тата минута од мечот. 

Тренерот на ПСЖ Луис Енрике по натпреварот изјави дека ПСЖ победува и кога не игра на највисоко ниво и дека тоа за него е најважно, бидејќи тимот покажал дека има победнички ДНК.

Тренерот на Астон Вила Унаи Емери беше разочаран од поразот, но задоволен од играта на својот тим и создадени шанси. За Астон Вила не настапија неколку стандардни првотимци.

 

Слични новости

Хамес Родригез се враќа во Колумбија

Хамес Родригез се враќа во Колумбија

Родригез се враќа во татковината по цели 18 години, откако како 17 годишно момче замина од Колумбија во аргентинскиот Банфилд, а потоа во Порто. По Мундијалот 2014 го направи трансферот на кариерата во Реал Мадрид, по што кариерата му тргна во надолна линија.

Скот Мектоминеј успешно опериран, соопшти Наполи

Скот Мектоминеј успешно опериран, соопшти Наполи

Фудбалерот на Наполи Скот Мектоминеј успешно е опериран, откако без поголеми проблеми беше извршена хируршка интервенција на неговото срце, со што е отстранета аритмијата која ја доживуваше последните недели.