Фудбалерите на ПСЖ Синоќа во Салзбург го освоија суперкупот на УЕФА, откако ја победија Астон Вила со 2:1.
ПСЖ поведе со голот на Квича Кваратскелија во 20-тата минута од мечот, а пред крајот на првото полувреме израмни тинејџерот на Астон Вила Маџо, кој настапи наместо Оли Воткинс кој имаше поштеда од тренерот Унаи Емери.
Во второто полувреме Луис Енрике го воведе во игра најдобриот играч на светот за минатата сезона Осман Дембеле кој беше асистент на Дезире Дуе при победеничкиот гол кој ПСЖ го постигна во 61-тата минута од мечот.
Тренерот на ПСЖ Луис Енрике по натпреварот изјави дека ПСЖ победува и кога не игра на највисоко ниво и дека тоа за него е најважно, бидејќи тимот покажал дека има победнички ДНК.
Тренерот на Астон Вила Унаи Емери беше разочаран од поразот, но задоволен од играта на својот тим и создадени шанси. За Астон Вила не настапија неколку стандардни првотимци.
Слични новости
Арсенал со победа од 3:0 против Ковентри тргна во одбрана на титулата на стартот на Премиер лигата
Арсенал поведе уште во 15-тата минута со голот на Хаверц, а во 23-тата минута веќе беше 2:0 со гол на Сака. На почетокот на второто полувреме во листата на стрелци за Арсенал се впиша и Одегард, а до крајот на натпреварот немаше големи возбудувања, откако се беше решено.
Интер сака да го купи крилото на Арсенал Мартинели
Интер сака да го ангажира и крилото на Арсенал и на бразилската репрезентација Габриел Мартинели, кој сезонава доколку остане во Лондон ќе му биде резерва на Гркот Христот Цолис кој дојде во Арсенал од Бриж.
Ференцварош го победи Трабзон, Бенфика подобра од Архус
Фудбалерите на унгарски Ференцварош синоќа на гости го победија турскиот тим Трабзон со 1:0 во првиот меч од квалификациите за Лига Европа. Единствениот гол на натпреварот го постигна Закаријасен во 17. минута од натпреварот.