Фудбалскиот клуб Париз Сен Жермен го продолжи договорот со шпанскиот тренер Луис Енрике до 2030-та година, соопшти францускиот шампион. Освен шампионските титули на Франција, Луис Енрике на два пати последователно ја освои и титулата европски шампион.
Освен со Енрике ПСЖ ги продолжи договорите и со неколку играчи кои потпишаа нови договори. Вилјан Пачо, Фабијан Руис, Жоао Невеш, Сени Мајулу и Лукас Бералдо.
Продолжувањето на соработката со Луис Енрике и задржувањето на столбот на тимот претставува јасен сигнал дека ПСЖ планира да продолжи со успеси и во наредните сезони.
Слични новости
Претседателот на шпанската Ла Лига побара оставка од Инфантино
Претседателот на шпанската фудбласка Ла Лига Хавијер Тебас изјави дека првиот човек на Меѓународната фудбалска федерација ( ФИФА) би требало да си поднесе оставка поради уништување на фудбалот.
